Вештачките солзи со хијалуронска киселина се ефикасно решение во лекувањето на синдромот суво око.

Хијалуронската киселина е полисахарид со висока молекуларна тежина кој природно се наоѓа во човековото тело, воглавно во кожата, врзувачкото ткиво и во очите. Неговата главна функција е задржување на водата, така да ткивата можат да останат добро подмачкани и хидратирани. Токму поради тоа, честопати се користи за лекување на симптоми на суво око.

Исто така, има високоеластични својства кои ѝ помагаат да го стабилизира солзниот филм и да ги намали симптомите на суво око, особено ако се очите суви по будењето или кога гледате ТВ или во компјутер.

Хијалуронската киселина помага и во пролиферација на епителните клетки и при зарастувањето на епителот на окото.

Aко носите контактни леќи, имате глауком или дијабетес или неодамна сте имале операција на око, поголема е веројатноста дека ќе развиете синдром на суво око.

Најчести симптоми се:

  • чувство на пецкање, палење или гребење во очите предизвикани од ветар или од други надворешни фактори;
  • црвенило на очите предизвикано од прекумерно гледање на ТВ или гледање во компјутер;
  • замор на очите предизвикан од читање, гледање на ТВ или гледање во компјутер;
  • чувство дека имате нешто во очите, чувство на песок во очите;
  • замаглен вид;
  • дури и солзните очи може да бидат необичен знак за суво око.

Симптомите често се влошуваат кога не се трепка доволно, особено во текот на активностите како што се: многу време пред компјутер, ТВ или прекумерно читање.

OCUhyl C можат да го користат возрасни, адолесценти и деца.